Изградба на нови, луксузни хотели во туристички развојни зони што ќе функционираат слично на слободните економски зони, намалување на комуналната такса, како и контроли на постоечките сместувачки капацитети и нивна категоризација се само дел од мерките што се превземаат, а се дел од Стратегијата за развој на туризмот во Македонија до 2015 година што ја усвои Владата на последната седница. Oд Македонија треба да се направи атрактивна туристичка дестинација, за да до 2015 година туризмот стане значајна економска гранка и во БДП партиципира до 4 5 отсто. Се предвидува развој на сите видови на туризам: од масовниот, руралниот, алтернативниот, зимски, вински и еко туризмот. И годинава најбројните гости ќе пристигнат од Холандија, за што за субвенции веќе се одвоени околу 48 милиони денари.
Изградба на нови, луксузни хотели во туристички развојни зони што ќе функционираат слично на слободните економски зони, намалување на комуналната такса, како и контроли на постоечките сместувачки капацитети и нивна категоризација се само дел од мерките што се превземаат, а се дел од Стратегијата за развој на туризмот во Македонија до 2015 година што ја усвои Владата на последната седница.
Како што појасни министерот за економија Ваљон Сараќини, од Македонија треба да се направи атрактивна туристичка дестинација, за да до 2015 година туризмот стане значајна економска гранка и во БДП партиципира до 4 5 отсто.
- Се предвидува развој на сите видови на туризам: од масовниот, руралниот, алтернативниот, зимски, вински и еко туризмот. И годинава најбројните гости ќе пристигнат од Холандија, за што за субвенции веќе се одвоени околу 48 милиони денари - вели Сараќини и додаде дека по 65 евра ќе им се даваат на туроператорите за туристите од земјите на Бенелукс, а по 25 евра за туристите од останатите странски земји. Тој истовремено информира дека се прават разговори со туроператори од повеќе европски земји, меѓу кои и од Турција, Норвешка, како и Израел, за што е направен календар на активности за 2012 година. Дел од Стратегијата е и новиот концепт за оформување на туристички развојни зони што ќе функционира слично на слободните економски зони.
Сараќини посочи дека лани бројот на туристи во земјава пораснал за 25 отсто, при што значително е зголемен и девизниот прилив.
Министерството заедно со Државниот пазарен инспекторат ќе стартува со активности и контроли за подобрување на условите во сместувачките капацитети. Во меѓувреме се готват измените на Правилникот за категоризација на хотели, бидејќи најголем број од анкетираните странските туристи биле незадоволни од условите во сместувачките капацитети.
- Ќе преземеме сериозни мерки и ќе направиме транспарентен Правилник и транспарентна категоризација на сите хотели-посочува Сараќини.
Стратегијата е подолена на национално и на локално ниво. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски се пофали дека изминативе години значително е зголемен бројот на туристи во Скопје. Тој прецизираше дека комуналиите за изградба на хотели се намалени за 95% и изнесуваат само 5% од првичната вредност.